“Партизански одреди” 64а, 1000 Скопје

+389 (2) 3063 158

info@interhem.com.mk

Language:

За да ги оствари своите цели ИНТЕР – ХЕМ првенствено се фокусира на задоволството на клиентите и заштита на животната средина, почитувајќи ги следните принципи:

  • Производство на високо квалитетни производи, изработени со висока технологија на производство;
  • Поставување објективни мерливи цели за подобрување односно одржување на квалитетот на нашите производи и услуги, за заштита на животната средина и за здравјето и безбедноста на нашите вработени;
  • Ефикасно и долгорочно партнерство со клиентите;
  • Брза испорака на нарачките до секој корисник низ цела Македонија;
  • Контролирано селектирани и одобрени добавувачи на суровини и производи, кои обезбедуваат квалитетни производи кои ги задоволуваат барањата на клиентите;
  • Koнтинуирано вложување во следењето на новите технологии;
  • Инвестирање во постојано стручно усовршување на работниот кадар и подигање на свеста за заштита на животната средина;
  • Почитување на законските регулативи и прописи поврзани со дејноста и заштита на животната средина;
  • Постојано унапредување на барањата на интегрираниот систем за менаџмент со квалитет ИСО 9001:2008 и Систем за менаџмент со заштитата на животната средина ИСО 14001:2000;

Политиката за квалитет и животна средина е достапна до јавноста и претставува обврска за сите наши вработени.

СИСТЕМИ НА КВАЛИТЕТ

,,Интер-Хем” поседува сопствена современо опремена лабораторија во која со редовен контролен протокол се вршат анализи на влезните суровини и производите, што претставува витална улога во осигурување на нивниот квалитет.

Покрај контролните анализи, тука се вршат и нови развојни методи и тестирања во секоја фаза на своите производи со цел подигување на перформансите на највисоко ниво.

КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ

Copyright © 2015 | Inter - Hem | web design: Mark Janura Design