Доверлив партнер во хемискиот сектор
ИНТЕР-ХЕМ е реномирана компанија со повеќе од 35 години континуирано присуство во областа на производство, увоз и дистрибуција на хемиски материјали, лабораториски реагенси и опрема. Со долгогодишно искуство и професионален пристап, претставуваме сигурен и доверлив партнер за компании и институции од различни индустриски гранки.
Компанијата располага со 11.000 m² сопствен магацински простор, што овозможува постојана залиха и брза и навремена испорака. Преку редовни увози и сопствен возен парк, обезбедуваме ефикасна и сигурна дистрибуција до нашите клиенти.
Работиме исклучиво со реномирани и проверени производители, гарантирајќи висок и конзистентен квалитет на производите. Нашето портфолио опфаќа индустриски хемикалии, лабораториски реагенси, опрема и инвентар, со можност за флексибилно пакување и прилагодени решенија според потребите на секој клиент.
ИНДУСТРИСКИ ХЕМИКАЛИИ
Комплетна понуда за сите индустриски сектори
Висококвалитетни процесни суровини и хемикалии за потребите на различни индустриски гранки, кои обезбедуваат сигурни и стабилни производни процеси. Нашата понуда ги опфаќа прехрамбената, фармацевтската и козметичката, текстилната, детергентската, градежната, електронската и електротехничката, нафтената и петрохемиската индустрија, како и печатарската и графичката индустрија, агро и агрохемиската индустрија, рударството и металургијата, производството на бои и лакови и системите за третман на вода.
ЛАБОРАТОРИЈА
Реагенси и опрема за истражување и контрола на квалитет
Лабораториски реагенси, хемикалии, опрема и инвентар од реномираниот германски производител Carl Roth. Наменети за лаборатории за контрола на квалитет, истражувачки и развојни лаборатории, универзитети и факултети, научни институции, медицински и клинички лаборатории, еколошки и водни лаборатории, инспекциски и сертификациски тела, болници и здравствени установи. Како овластени претставници гарантираме највисок квалитет и комплетни решенија за сите ваши лабораториски потреби.
Хемикалии
Бази
Киселини
Органски растворувачи
Неоргански соли
Хемикалии за фармација и козметика
Хемикалии за третман на вода
Лабораторија
Хемикалии и реагенси
Лабораториски инвентар
Инструменти и опрема
Резервоари
Вертикални Хоризонтални
Дупло дно
Септички јами
Понтони
Специјални пластични Конструкции
Во надземни и подземни изведби


