ЗА НАС

Интер-Хем ДООЕЛ Скопје е приватна компанија основана во 1990 година, со основна дејност производство и трговија на големо со хемикалии и репроматеријали за хемиската индустрија.
Повеќе од три децении успешно работење придонесоа Интер-Хем да се позиционира како една од водечките компании во својата област. Оваа позиција е резултат на современа техничко-технолошка организација, стручен кадар и постојано следење на високите стандарди за квалитет.Компанијата располага со сопствен магацински простор од 11.000 m², современа опрема и тим од 17 вработени, меѓу кои технолози, фармацевти и хемиски инженери. Редовно одржуваме залихи во магацинот во Скопје и вршиме сигурна и навремена дистрибуција со сопствен возен парк.
Со континуирано проширување на капацитетите, денес Интер-Хем поседува резервоари со вкупен капацитет од 500.000 литри за течни хемикалии и 3.000 m² затворени магацини за цврсти хемикалии.
Во 2003 година компанијата го воспостави својот производствен програм за средства за чистење и хигиена. Следејќи ги пазарните барања, регулативата и инвестирајќи во истражување и развој, брендот PRIMA стана препознатлив и на нашиот пазар и на пазарот во Косово.
Во 2025 година Интер-Хем инвестира во изградба на фотонапонска централа на кровната конструкција на магацинските и производствените објекти. Со оваа инвестиција компанијата го потврди својот статус како општествено одговорна и еколошки свесна, а истовремено го намали енергетскиот ризик и ја зголеми сигурноста во снабдувањето со електрична енергија.
На динамичниот глобален пазар, Интер-Хем постојано се развива и усовршува – од модернизација на магацините и опремата, до унапредување на стручниот кадар и проширување на производното портфолио. Покрај општите индустриски хемикалии, континуирано вложуваме во специјализирани хемикалии преку развивање меѓународни партнерства, проширување на синџирот на добавувачи и воспоставување нови деловни соработки. Се отвораме кон нови пазари и редовно ја обновуваме нашата веб-страница за да одговара на современите потреби и трендови.
Со гордост ја одржуваме репутацијата на компанија чиј бренд претставува референтна вредност во индустријата. Токму оваа доверба е темел на нашето уверување дека ќе продолжиме да растеме и да ја градиме стабилноста и континуитетот и во идниот период.

ИНТЕР ХЕМ Дооел Скопје

Производство и дистрибуција на
хемиски материјали

Контролирано избрани и одобрени добавувачи на суровини и производи кои обезбедуваат висок и конзистентен квалитет согласно барањата на клиентите.
Континуирано следење и имплементација на современи технологии со цел подобрување на процесите.
Постојано инвестирање во стручно усовршување на кадарот и подигнување на свеста за заштита на животната средина.
Поставување објективни и мерливи цели за унапредување на квалитетот, заштитата на животната средина и безбедноста и здравјето при работа.
Изградба на ефикасни и долгорочни партнерства со клиентите и обезбедување брза и навремена испорака.
Строго почитување на релевантните закони поврзани со спречување корупција и мито, финансиско работење и заштита на човековите права. 
Усогласеност со сите законски регулативи и прописи поврзани со дејноста, животната средина и безбедноста и здравјето при работа.

Визија:
Нашата визија е преку постојано следење и исполнување на потребите на клиентите да се развиваме и да останеме сигурен и долгорочен партнер. За реализација на оваа визија Интер-Хем ги следи горенаведените принципи.

Компанијата ги поседува и редовно ги обновува сите потребни лиценци и дозволи согласно законските регулативи. Од 2012 година Интер-Хем е сертифициран согласно стандардите: ISO 9001 – Систем за управување со квалитет ISO 14001 – Систем за управување со животната средина

Интер-Хем располага со сопствена лабораторија опремена за изведување на контроли на влезните суровини и готовите производи, што претставува клучен сегмент во осигурувањето на нивниот квалитет.

Покрај контролните анализи, во лабораторијата се вршат и развојни методи и тестирања во сите фази на производството, со цел континуирано зголемување на перформансите и усогласување со највисоките стандарди.

Политиката за квалитет и животна средина е јавно достапна и претставува обврска за сите наши вработени.